И локалната се вклучи во хуманитарната акција за денот на гладта

Градоначалникот пазареше и донираше прехрамбени продукти за социјалните семејства.

 |  Маленкова Татјана  | 
Nikola Bakraceski - gradonacalnik
Никола Бакрачески – градоначалник

 

Во рамки на одбележувањето  на “Неделата на борба против гладта“, денес градоначалникот Никола Бакрачески,  претставници од Општината и Советот   со купување  прехранбени производи  се вклучија во акцијата што Локалната  ја реализира заедно со Црвен – Крст Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства  од градов.

„Сакам да упатам апел до сите граѓани на Охрид  да се вклучат што е можно по масовно во оваа хуманитарна den na gladta мисија заедно со службите на Црвен  Крст или индивидуално да ја поддржат кампањата за борба против гладта, и на тој начин сите ние  да се солидаризираме со нашите сограѓани кои што кубурат со основните производи за живот“.
Денес градоначалникот укажа на проект кој станал практика со преземањето на градоначалничкиот мандат.

“Јас формирав неколку екипи од вработени во локалната самоуправа  кои секојдневно се на терен низ Охрид,  низ  приградските населби и села и  по дојава или по сопствена проценка прават увид на загрозеното семејство. Потоа доставуваат извештај до мене по што јас заедно со надлежните служби одлучуваме и преземаме мерки да им помогнеме на семејствата кои се во незавидна материјална положба“, додаде Бакрачески.   

Општина Охрид од својот буџет има издвоено средства за учество во хуманитарни настани.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top