Независниот кандидат за петседател на државата, Љубе Бошкоски, вчера во Охрид го отвори локалниот изборен штаб. Бошкоски во Охрид допатува од Битола каде исто така присуствуваше на отворањето на тамошниот изборен штаб.

На отворањето на изборниот штаб во Охрид Љубе Бошкоски истакна дека, намерата на овие претседателски избори не му е да биде само реден број во избирачкиот список, туку да биде она што народот го очекува од него. Она што е важно во моментот според Бошкоски е да се согледа реалната економска ситуација во државата, да не се пласираат некакви теориите на заговор и активно да се разгледуваат прашањата за Евроатланска интеграција.
Решение за името постои, без да се загрози идентитетот и уставот на Р. Македонија.
„Тоа ќе биде предизвик за било кој претседател, но тоа прашање не може да се одбегнува“- потенцира Бошкоски.
Тој е уверен дека ја има подршката на граѓаните без разлика на нивната етничка или политичка припадност. А на кампањата за предстоечките избори ќе оди со логото „ Брат Љубе“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град