Љубе Бошкоски одржа митинг во Охрид

Сакам Македонија да биде просперитетна и надежна земја, им се обрати Бошкоски на охриѓани.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Ljube Boshkoski
Љубе Бошкоски

Сакам Македонија да биде просперитетна и надежна земја, им се обрати Бошкоски на охриѓани.

Мојата желба е Македонија да биде просперитетна и надежна земја, им се обрати на охриѓани Љубе Бошкоски на вчерашниот митинг во Центарот за култура.  

Сакам младите да останат во својата земја и да не чекаат со денови пред странските амбасади со цел да заминат. Ќе направиме напори иселените да се вратат и и помогнат на Македонија во овие историски моменти, рече Бошкоски.
Одлучив да се вратам и кандидирам за претседател затоа што вие тоа го баравте од мене. За да бидам со својот народ, со работниот човек, стечајците пензионерите, со мајките на загинатите бранители, рече Бошкоски.

Ljube BoshkoskiСвесен сум колкава одговорност е да се биде претседател во вакви тешки мигови, но не можам а да не и помогнам на сопствената земја кога и е најтешко, се обрати Бошкоски.

Љубе Бошкоски им вети на охриѓани дека ќе гради нов тип македонски патриотизам. Потсети на времето кога требаше да се носат тешки и историски одлуки и кога беше јасно кој е вистински патриот. За времето кога требало да се одбере помеѓу политичка кариера или да се брани земјата. Јас се одлучив да ја одбранам Македонија, и покрај тоа што бев свесен дека за тоа ќе бидам обвинат, рече Бошкоски.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top