Дали Љубчо Георгиевски ќе се врати на лидерската позиција

Настапува бран големи промени во ВМРО-НП, како на локално така и на централно ниво. Третата по ред политичка опција ја докажува веќе стекнатата доверба кај меѓународните организации.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого

Настапува бран големи промени во ВМРО-НП, како на локално така и на централно ниво. Третата по ред политичка опција ја докажува веќе стекнатата доверба кај меѓународните организации.

пресПолека ама сигурно кон зацртаните цели. ВМРО-НП од Охрид во рамките на своето конституирање секојдневно е се побројна. Тоа беше очекувано и најавено од страна на локалното членство на ВМРО-НП, вели претседателот на партијата Ванчо Костовски. Според најновата реконструкција охридскиот огранок има два потпредседатели Јоне Станкоски и Венко Калачоски, лица кои имаат потполна подршка на патот кон остварување на пртиските цели.
Состојбата во партијата од ден на ден се повеќе се менува вели Костоски. Ние ја докажавме лојалноста кон својата земја, и преку нашата сериозност кон решавање на националните прашања добивме доверба од меѓународната заедница додава Костоски.
Најново за кое што ТВМ ексклузивно  информира е можноста за враќање на Љубчо Георгиевски на лидерската позиција во партијата. Од ВМРО-НП не потврдуваат, но и не негираат, велат дека за тоа набрзо ќе се знае .
Изјава-Ванчо Костоски-претседател на ВМРО-НП Охрид
Дали со враќањето на Георгиевски ќе се изменат нештата во Охрид, останува да видиме понатаму. Знаеме дека во моментов ВМРО-НП има одлична соработка на локално ниво со актуелното мнозинство на СДСМ. На тоа поле нема да се сменат работите категоричен е Костоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top