Само за десетина дена nа лизгалиштето на градскиот плоштад биле направени триесет и три интервенции. Оние кои немале среќа завршиле со скршеници.
На лизгалиштето на градскиот плоштад само за една недела интервенирано е триесет и три пати. Во три случаи поради незгоден пад лизгачите се здобиле со скршеници, велат од охридскиот Црвен крст. Од таму бараат сериозно да се пристапи кон овој проблем бидејќи според нивните сознанија секој час на лизгалиштето се случува по некоја незгода.
Апелираме во текот на новогодишните празници кога луѓето ќе излегуваат да уживаат на лизгалиштето да бидат многу внимателни и да ги почитуваат правилата од сопственикот на лизгалиштето. Посебно апелираме до родителите да не ги пуштаат нивните деца доколку се помали сами на лизгалиште, вели Наумовски.
Наумовски напоменува дека во голем број од случаите родителите и не знаат дека нивните деца се на лизгалиште. Обично лизгачите немаат никакво претходно искуство бидејќи никогаш не застанале на лизгалки. Наумовски вели дека децата го поистоветуваат лизгањето со возење ролери, но додава дека тоа е многу погрешно. Оваа забава може многу скапо да ги чини.
Голем дел од луѓето кои влегуваат во лизгалиштето лизгаат во обратен правец па со тоа се создава метеж. Друг проблем е што се пуштаат многу лизгачи. Мора да се направи ред бидејќи просторот за лизгање не е многу голем, вели Наумовски.
Инаку, екипите на охридскиот Црвен крст вечерва ќе бидат на градскиот плоштад. Ќе има доктор и медицинска сестра во специјално возило за не дај боже ако затреба. Им се препорачува на сите посетители на плоштадот да пијат умерено и да не употребуваат пиротехнички средства како не би дошло до некои несакани последици.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град