• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Секретарот на општинта да си поднесе оставка поради „аферата лизгалиште“, бара советникот Блажески

Секретарот на општинта да си поднесе оставка поради „аферата лизгалиште“, бара советникот Блажески

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески да си поднесе оставка или да биде разрешен од страна на градоначалникот Никола Бакрачески. Причина за тоа е што на документот, за според Дејан Блажески, Советникот од ЛДП нелегалното поставување на лизгалиштето, стои потписот на секретарот Димтар Спасески и неговата сопруга Ирена Здравеска.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ldp
лдп

За советникот од ЛДП, Дејан Блажески како што вели тој „аферата лизгалиште“ сеуште не е затворена тема. Тој денеска побара секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески да си поднесе оставка или да биде разрешен од страна на градоначалникот Никола Бакрачески. Причина за тоа е што на документот, за според Блажески нелегалното поставување на лизгалиштето стои потписот на секретарот Димтиар Спасески и неговата сопруга Ирена Здравеска.

Ова е таа коализија на документи за која што ви зборував, се гледа дека еден документ со друг се судираат. Двоецот Спасески- Здравеска бараат поставување на лизгалиште. Побарала Здравеска, а одобрил Спасески, изјави Блажески.документ
 
Блажески рече дека лизгалиштето како урбана опрема не било изгласано во овој состав на совет туку  во претходниот кога градоначалник беше Александар Петрески.

Знаејќи дека не е поминато на совет како урбана опрема се повикале на стара одлука која не е важечка, рече Блажески.

Блажески презнетира и документ потпишан од секретарот Димитар Спасески за наплата на комунална такса за поставување урбана опрема  за фирмата која стопанисуваше со лизгалиштетото, а во висина од 119 000 денари. На крајот тој побара да се активира јавното обвинителство и да покрене истрага за сите овие нејасни прашања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top