Во земјава скоро и да нема автори кои творат литература за деца и млади. Оваа литература е непрофитабилна за авторите. Засега на ова поле остана осамен единствено писателот за деца Горјан Петрески. Овој сериозен проблем се провлекува со години наназад, од осамостојувањето на земјава, велат писателите. Станува збор за негрижа на општествениот систем кон најмладите, а недозволиво е тие да бидат препуштени сами на себе потенцира директорот на НУ Библиотеката „Григор Прличев“, Тоде Илиески.
„Авторите не се мотивирани да творат за деца затоа што оваа литература од школскиот систем е обезвреднета, подценета, апсурдно е да се создава без компензација за трудот, нагласува Илиески“.
И додека во светот илустратор на книги е ценета и почитувана дејност, кај нас не постојат такви специјализирани, образовани кадри, вели Илиески. Кај нас не постојат и детски фестивали од областа на литературата, како што се на пример Змаевите детски игри во Нови Сад. Министерството за култура и творците на литература за деца и млади треба да седнат и да размислат за проблемите во оваа сфера истакнува директорот на НУ „Григор Прличев“, Тоде Илиески. „Министерството треба да ги следи проблемите и да изнаоѓа соодветни решенија. Не е дозволиво да не се бара лек за проблемите„.
Ние малку знаеме дека во светот постои и награда за литература за деца Андерсен која се доделува секоја втора година, а го има рангот на Нобеловата награда нагласува Илиески.
Македонија осиромашува и во останатите литературни жанрови, како што се хуморот и сатирата. Единственото специјализирано списание „Остен“ излегува еднаш месечно, најчесто со репродукции, без нови содржини. Тоа е така, затоа што никој не одвојува средства за исплаќање на хонорари, вели Илиески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град