ВМРО- ДПМНЕ понуди листа на кандидати за советници кои ги красат искуство и младост.
Воедно и позитивен ветер кој ќе биде освежување за демократскиот капацитет на Охрид.
ВМРО- ДПМНЕ понуди листа на кандидати за советници во која склопени во едно се искуството на дел од кандидатите , со младоста и новиот позитивен ветер кој ќе биде освежување на демократските капацитети на Охрид. Ова го потенцира на денешната прес конференција на партијата кандидатот за советник, Дејан Паноски.
Можам да ветам, дека избраните советници секогаш пред себе ќе го имаат јавниот интерес на градот и одлуките ќе ги носат во интерес на јавното добро.Ќе ги браниме интересите на Охрид посебно грижејќи се за достоинството, угледот и честа на градот, рече Паноски.
Советот ќе биде место каде ќе се креираат квалитетни и позитивни политики, место каде во соработка со Владата на РМ ќе се спроведуваат програми и проекти, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град