Претпладнево од охридското пристаниште кон албанскиот град Поградец отплови бродот „Александрија 2“. Од денес официјално се воспостави бродската линија Охрид- Поградец. Првото патување го сефтосаа Градоначалникот Никола Бакрачески , Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, претставници на охридските јавни претпријатија и локалната самоуправа.
Од денес Охрид и албанскиот град Поградец поблиску еден до друг. Овие два езерски града години наназад правеа напори да се поврзат преку воден сообраќај. Од охридското пристаниште исплови бродот „Александрија 2“. Конечно се реализира долгонајавуваната бродска линија Охрид- Поградец. На бродот се наоѓаа видни луѓе од градов како и министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Пред тргнувањето на бродот, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како и во настапот на подмладокот на КУД „Гердан“.
–Ова за Охрид е многу значајна работа. По многу заложби на Министерството за транспорт и врски и Локалната конечно се реализира оваа бродска линија што ќе преставува дополнителен импулс за развојот на туризмот, рече секретарот на Општината, Димитар Спасески.
-Ја поздравувам оваа иницијатива, тоа е одличен потег кој ќе ги зближи двата народи и двата града. Во голема мера ќе придонесе за развојот на туризмот, кажа портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
–Со ова се збогатува туристичката понуда на овој регион . Сега секој ќе има можност да ги види овие два езерски града. Ова мора да се искористи во еден аранжмански пакет , рече деканот на ФТУ, Сашо Коруновски.
Покрај градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на ова патување заминаа и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и албанскиот амбасадор во Република Македонија Петрит Бушати. Во иднина бродовите ќе пловат кон Поградец еднаш неделно, но само доколку има интерес кај туристите и посетителите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град