Ќе се воведе бродската линија Охрид- Поградец. Таа ќе се заснова исклучиво врз база на чартер тури. Редовна линија може да функционира само онаму каде што има поголем број на патници, а во овој случај освен на лето во другите периоди од годината тоа не може да се реализира.
Се поизвесно воведувањето на бродската линија Охрид- Поградец. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски вели дека досега биле одржани повеќе работни средби на работни групи од кои едната била од Поградец каде биле донесени неколку заклучоци.
-Ги информиравме албанските колеги дека во законската регулатива на РМ за отварање привремен граничен премин кај Св. Наум нема никакви пречки. Во моментов сме во исчекување на информации од албанска страна дали тие можат да донесат аналогно решение од нивното Министерство за внатрешни работи за отварање привремен граничен премин, вели Устијаноски.
Капетанот вели дека работите побавно се движат бидејќи станува збор за меѓудржавна спогодба и дека процесите се чуствителни и пообемни, но сигурен е дека оваа иницијатива ќе има позитивен епилог. Линијата ќе се заснова исклучиво врз база на чартер тури. Редовна линија, вели Устијаноски во пазарни услови може да функционира само онаму каде што има бројка на патници, а во овај случај освен на лето во другите периоди од годината тоа не може да се реализира. Затоа сите активности кои се преземаат ќе бидат во насока на создаваење услови за организирање чартер тури, додава капетанот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град