Личен пример за колегите

Директорката на Музичкото училиште „Методи Патчев“, Нина Момироска – добитник на врвната награда  „Истакнат музички педагог“.

 |  Татјана Маленкова  | 
nagrada
награда

Директорката на Музичкото училиште „Методи Патчев“, Нина Момироска – добитник на врвната награда  „Истакнат музички педагог“.

Nina Momiroska„Јас секогаш сакам да бидам личен пример на сите мои колеги“, вели Момироска.
Наградата ја доделува Здружението на музичко-балетски педагози на Македонија за постигнати особени

Професор Момироска со својата педагошка работа е посебно заслужна што веќе подолго време музичкото училиште од Охрид постигнува врвни резултати во соло, групни или оркестарски настапи на  мегународни и државни  натпревари и првенства. Учениците од ова училиште токму годинава освоија десетици први места, специјални награди и пофалници во поединечни настапи, а беа и најуспешно училиште на годинешниот државен натпревар на музичките училишта.

Инаку за големината на наградата која и беше доделена на Момироска доволно зборува фактот дека Здружението на музичко-балетските педагози е член на европската Асоцијација, а наградата ја доделува според строги критериуми преку кои се мери успешниот придонес во афирмацијата на музичкото и балетско образование.  
Само за потсетување основното  музичкото училиште годинава е добитник и на Св климнетовата повелба, која ја доделува ооштина Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top