Според Миле Стојаноски еден од главните проблеми со кои лицата со посeбни потреби се соочуваат се нивните психолошки бариери и молчењето за проблемите со кои се соочуваат.
Според Миле Стојаноски еден од главните проблеми со кои лицата со посeбни потреби се соочуваат се нивните психолошки бариери и молчењето за проблемите со кои се соочуваат. Со цел да се искористи периодот пред изборите маратонецот Миле Стојаноски деновиве активно ја води кампањата на запознавање на актуелните и идните градоначалници со проблемите на лицата со посебни потреби. Според Стојаноски, еден од главните проблеми кај оваа група на граѓани е нивното повлекување од општествениот живот.
Од страна на градоначалникот Петрески беше истакнато, дека градоначалникот како институција и како човек треба да има слух за проблемите на сите граѓани. Петрески исто така заклучи дека имаме морална обврска да ги гледаме сите граѓани подеднакво. Потоа ги наброја активностите кои се спроведувале во изминатиот период во нашиот град .
За да се решат нивите проблеми потребно е на овие лица да им се посочи дека и тие се дел од нашето општество и дека се добредојдени во него.
Исто така потребен е слух и разбирање од сите страни кои се иновловирани во овој проблем.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град