Лицата со различни видови хендикеп се чувствуваат запоставени од државата. Конвенцијата за нивните права сеуште чека да биде ратификувана. Со нејзиното потпишување овие лица би се израмниле со правата на обичните луѓе, но при тоа би требало да се извршат и драстични промени во државата. Треба да се адаптираат сите институции, да се остранат сите бариери, и физички и интелектуални. Лицата со хендикеп велат не бараме промени преку ноќ туку постепени измени. Но, со сегашната ситуација очигледно е дека државата нема пари, но и волја за тоа сметаат лицата со хендикеп.
Лицата со хендикеп потенцираат дека во многу заостануваат со правата на лицата во опкружувањето, а за светот и да не се споменува. Тие одлучиле Денот на хендикепираните 3 декември да го одбележуваат на поинаков начин од минатото и да покажат дека постојат и имаат потреби како и сите обични луѓе.
Лицата со различни видови на попреченост ја имаат поддршката од локалната самоуправа. Иако од Локалната самоуправа во моментов немаат посебни ингеренции за да им помогне на овие лица, но се обврзуваат дека повеќе ќе им помогнат со влегувањето во втората фаза на децентрализација.
И додека Локалната самоупрва добие ингеренции, а државата ја ратификува Конвенцијата, лицата со различни недостатоци ипонатка ќе наидуваат на физички препереки на улица и во институците, аќе им се кусат и многу други човекови права од областа на образованието, вработувањето, здравството.
Денес беше одбележан денот на хендикипираните лица со средба на преставници од повеќе здруженија и од локалната самоуправа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град