Летото се ближи, а со тоа и гужвите во градов

Тема на која интензивно се дискутира секоја година во овој период е поставувањето на урбаната опрема

 |  Јаковлева Лионела  | 
plostad
плоштад

Донесена новата програма за поставување урбана опрема. Тихомир Дурнев, од Секторот за урбанизам вели дека и ова лето ќе има столици и маси пред локалите, определени се местата каде ќе се продаваат уметнички слики и сувенири, но тврди дека летово нема да се продава храна на отворено.
Локациите на кои ќе се поставува урбаната опрема, како и детските реквизити како замоци ,количиња, вовчиња и др. во многу зависат и од новиот сообраќаен режим кој ќе важи во летниот период.kolice

Пред неколку дена беше поставен еден замок на место на кое со новиот режим за сообраќај ќе биде сообраќајница. Треба добро да се размисли каде ќе се постават ваквите реквизити, вели советникот Томислав Тунтев.

На советникот од ВМРО Народна, пак Јоне Станкоски му пречи бината која се наоѓа на градскиот плоштад. Тој вели дека од Секторот за урбанизам треба да најдат друга локација бидејќи бината го стеснува просторот на плоштадот кој особено во летниот период е преполн со гости.

Да се надеваме дека ова лето ќе се избегнат гужвите поради несоодветно поставената урбана опрема и дека градов нема да има панаѓурски лик.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top