Лето без кардиоваскуларни заболувања

Како да се намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања при високи температури? Ова е само едно од многуте прашања кои Охриѓани можеа да му ги постават на Д-р Жан Митрев на едукативната сесија која специјалната болница Филип Втори ја спроведе во соработка со Црвениот крст од Охрид. Едукативниот караван на болницата Филип Втори вакви предавања ќе одржи во неколку градови во земјава.

 |  Мишел Наумоски  | 
Zan Mitrev
Жан Митрев

Zan Mitrev i Sasho TockoКардиоваскуларните болести во текот на летото се една од најголемите опасности кои ги демнат луѓето. Високите температури, изложеноста на сонце, дехидрираноста се дел од факторите кои многу често знаат да водат кон сериозни проблеми со кардиоваскуларниот систем. Во таа насока, специјалната болница Филип Втори, предводена од Д-р Жан Митрев, во соработка со организацијата на Црвениот крст од Охрид, денес спроведе едукативна работилница на која можеа да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

„Целта на ова предавање и на оваа акција е луѓето директно на мене и на мојот тим да можат да постават некои прашања или да им ги објасниме оние работи на коишто посебно треба да внимаваат бидејжи во добар дел некои работи зависат и директно од самите луѓе и од самите пациенти. Така да кога некои работи ќе ги знаат однапред, ќе обрнат малку повеќе внимание и некои дури и катастрофални последици по здравјето ќе се избегнат.“-рече Д-р Жан Митрев, специјалист, кардиохирург.

Едукативниот караван вакви предавања и работилници ќе одржи во повеќе градови низ државава, кои пред се имаат превентивен карактер. Ваквите предавање се во очи на летниот период кој е особено ризичен во поглед на зголемени здравствени пореметувања .

Zan Mitrev „Во овој период кога знаеме дека температурите се покачуваат, луѓето, пациентите кои се во домашни услови поготово ако не внимаваат на некои основни работи, мое да дојде до проблеми со дехидрација или недоволно внесување на течности во организмот и со тоа се потенцираат многу други симптоми или многу други ризични фактори кои пациентите веќе ги имаат како што се дијабетис, хипертензија или бубрежна инсуфициенција.“-вели Д-р Митрев.

Д-р Митрев додаде, дека кардиоваскуларните заболувања веќе не се болест на постарите туку дека границата на заболени за жал се спушта многу драстично спрема младата популација. Препораките за претстојниот период се контролирано да се излегува на сонце и тоа во два интервали, до 10 часот наутро и по 17 часот напладне, да се внесуваат голема количина на течности безразлика дали се чувствува жед и особено да се внимава со внесувањето на мрсна храна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top