ЛЕТНО КИНО ВО ОХРИД

НАЈГОЛЕМИОТ НАСТАН НА КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 ДО 12.

 |   | 

НАЈГОЛЕМИОТ НАСТАН НА КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 ДО 12.

Drive-in Летно Кино за првпат во Охрид кое ќе се одржува 3 дена по ред. Проекција на блокбастери на паркинг, каде гостите уживаат од своите автомобили со вкусни пуканки.

Тридневната проекција ќе се одржи на паркингот Горица 3- НЕМО, со датуми 14.08. – 16.08.2020.

Проекцијата на филмовите започнува во 21:00ч, а со цел да се избегне метеж паркингот ќе биде отворен од 19:30ч при што ќе има Pre-movie Warm Up со млади ди-џеи и изненадувања.

Картите за една вечер се во износ од 400 денари од автомобил по двајца (согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита од Ковид- 19).

БРОЈОТ НА КАРТИ Е ОГРАНИЧЕН

Картите можат да се набават online на следниот линк: https://www.kupikartizase.com/Events/summer_drive_in

или на сите продажни места на Купи карти за се (ги има на нивната веб страна).

Во Охрид:

Туристичка Агенција ВИС ПОЈ

„Македонски Просветители” бр. 7 (наспроти Основен Суд – Охрид)

Atlantis Охрид -T A AtlantiS Ohrid

бул. Туристичка бр. 3/4

046 262 212

ohrid@atlantis.com.mk

www.atlantis.mk

Распоредот на филмовите е следен:

• 14.08. (петок)- „The Little Gangster“ (Малиот Гангстер)

• 15.08. (сабота)- „Панкот не е мртов“

• 16.08. (недела)- „The house that Jack built“ (Куќата што ја изгради Џек)

ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ СЛЕДНИТЕ МЕРКИ И ПРАВИЛА:

– Носете заштитна опрема (маска, ракавици..)

– Следете ги и почитувајте ги инструкциите на редарите

– Паркирајте се на означените места, осигурајте го возилото и исклучете ги светлата

– Не излегувајте од автомобилот беспотребно!

– Доколку сакате да бидете услужени, приклучете 4 трепкачи и почекајте

Влезот за возилата ќе биде од страната на хотелот ИНЕКС Олгица 2 (од кај кружниот тек) према паркингот Горица 3- НЕМО (мапата за влезот ќе биде нахнадно објавена).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top