Летниот приод е време кога многу често може да се заработи труење со храна

Високите температури погодни за размножување на бактериите. Летниот приод е време кога многу често може да се заработи труење со храна, па затоа треба многу да се внимава од каде и што се купува. Во Охрид засега состојбата е стабилна. Нема забележан случај на труење со храна, велат од центарот за јавно здравје.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Летниот приод е време кога многу често може да се заработи труење со храна. Насекаде се продава се и сешто, најчесто без да се запазат основните услови за продажба на прехрамбени производи. Затоа од Центарот за јавно здравје советуваат граѓаните да бидат внимателни од каде и што купуваат.

Да се внимава на видот на храната, дали е свежа, каква е, добро да се мие, да се чува во ладилник не повеќе од три дена, да се внимава на рокот,како е спакувана храната, дали пакоувањето е оригинално. Тука е и апелот до маркетите и продавниците кои продаваат вода во пластични шишиња,а и други пијалоци да не ги изложуваат на сонце, вели Сашо Точков, директорот на ЦЗЈЗ.

Водата и другите пијалоци кои се во пластична амбалажа, а се изложени на висока температура стануваат канцерогени, затоа граѓаните треба да обрнат внимание од каде купуваат. Доколку сакаат да се хранат надвор тоа е најдобро да го направат во некој од угостителските објекти, вели Точков. ЦЗЈЗ со најголем дел од нив има склучено договори за редовно контролирање на квалитетот на храната која ја послужуваат, а редовно се контролирани и од инспекциските служби па сигурноста за квалитетот е многу поголема.

Морам да кажам дека во текот на овој летен период имавме еден случај за кој се мислеше дека е труење со храна, но се докажа дека станува збор за вирусна инфекција на оние кои се пожалиле. Тоа е се што досега е пријавено, објаснува Точков.

Не е препорачливо да се купува и овошје и зеленчук кое се чува во несоодветни услови, а посебно да се внимава кога се купуваат млечни производи и јајца, сугерираат од ЦЗЈЗ. Доколку некој граѓанин почуствува тегоби кои асоцират на труење со храна веднаш да се јави на инфективното одделение.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top