Летен камп за деца-македонци од Балканот

Преку нивното другарување и комуницирање, македонскиот јазик ќе достигнува нови далечини.

 |  Мишел Наумоски  | 
kamp za mak.jazik
камп за мак.јазик

Македонскиот јазик станува обединувачка алатка на сите македонци надвор од границите на нашата земја.  Ова е придобивката од првиот летен камп за децата македонци кои живеат во соседните земји.  Тие во земјите каде што живеат веќе добивале часови по македонски јазик, но  велат дека малку се запознале и со македонската историја и култура.

deca makedonci od Balkanot„Па да кажам дека солидно ја познавам македонската историја. Сега ќе почнам и тука да учам во Република Македонија бидејќи почнувам средно училиште.“

„Го знам целиот јазик, целиот македонски јазик. Моите родители исто говорат македонски.“-рекоа дел од дечињата.

Во нивното понатамошно запознавање и изучување на македонскиот јазик ќе им помагаат и ќе ги учат професори од универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

„Сега ги примивме прво, го испитавме нивното ниво на познавање на јазикот. Почнуваме да ги делиме во групи и ќе работиме во согласност со нивното ниво. Ќе научат малку повеќе македонски јазик, ќе научат малку повеќе за нивната земја од каде што потекнуваат, ќе ги прошетаме низ околината на Охрид, убавите места што ги имаме. Се надевам ќе им оставиме добар впечаток и дека ќе имаме добра комуникација со нив, со нивните родители.“-вели професор д-р Виолета Николовска, професор по македонски јазик на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Летниот камп го отвори министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски. Тој смета дека овој камп ќе биде една голема додадена вредност за целиот регион во кој практично сите држави имаат повеќеетнички, културен и религиозен состав.

minister Nikola Poposki„За прв пат го организираме овој камп, за прв пат инвестираме определена енергија да организираме ваков настан кој сметаме дека на долг рок може да има навистина добар ефект. Тој ефект навистина ќе биде реализиран само доколку можеме овие цели, овој начин на изучување на јазикот, ова креирање на врски да ги засилиме. Фактот што се одвива овој настан во Охрид е исто така и можност да бидат запознаени учесниците на кампот со огромното културно-историско наследство во овој регион и да ги мотивираме во иднина дополнително да сакаат и да ги следат часовите по македонски јазик и дополнително да ги продлабочуваат врските со Република Македонија.“-рече министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.

За во иднина министерот Попоски најави дека ќе настојуваат овој камп да биде проширен со учесници и од дијаспората, а не само од Балканот. Со ова, министерот Попоски смета дека максимално ќе се прошири изучувањето на македонскиот јазик надвор од нашата земја.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top