Лесковчанец ќе чека сезона на дождови за да добие вода

Нема крај на проблемите со водоснабдувањето во Лескоец.

 |  Мишел Наумоски  | 
Cvetkoski Leskoec
Цветкоски Лескоец

Ќе се стави ли крај на проблемите со недостиг на вода во Лескоец? Овој пат до нашата телевизија се обрати жител на улица Илинденска во стариот дел од селото. Славчо Цветкоски револтиран затоа што како што вели цели две недели се соочува со голем недостиг на вода, а се пожали и дека често се случува и воопшто да ја нема оваа драгоцена течност. Цветкоски вели дека ги информирал надлежните за неговиот проблем.

rezervoar„Јас се јавував на неколку пати во Проаква, барав помош значи да се направи начин да имаме вода или рестрикција или да се провери каде оди повеќе вода, да имаме и ние вода. Тоа веќе две недели се случува и денес кога им се јавив во Проаква знаете ли што ми рекоа? Ми рекоа зошто сум правел куќа толку далеку?“-вели Славчо Цветкоски-жител на Лескоец.

Стапивме во контакт и со надлежните од Проаква. Техничката служба на водоснабдителното претпријатие беше запознаена со проблемот на Цветкоски. Велат се работи за три куќи кои се поврзани на старата водоснабдителна мрежа и тврдат дека проблемот е во малата издашност на изворите во овој период. Од Проаква потврдија дека разговарале со Цветкоски и дека му објасниле дека местоположбата на неговата куќа е коренот на проблемот, односно таа е толку високо што водата од новата мрежа не може да стигне до таму.

Ги запрашавме дали има, и какво би било решението за овој дел на Лескоец, но ни рекоа дека решение барем засега нема. На официјалниот сајт на охридски Водовод  убаво пишува, Охрид е богат со  изобилство од вода, да и се радуваш и нагледаш. Меѓутоа водата од извориштето до чешмата поминува долг и сложен пат за да стигне и до најодалечената чешма и во највисоката зграда за да ја угаси жедта на жедните.
По се изгледа дека водата не може да стигне до чешмата на Славчо Цветкоски и тој ќе мора да ја почека сезоната на врнежи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top