Лескоец сеуште не e приклучен на канализационата мрежа

И понатаму се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Leskoec
Лескоец

И понатаму се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта.

Лесковчани негодуваат, и во новава година сеуште не се приклучени на канализационата мрежа. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски уште пред речиси еден месец вети дека работите ќе ги преземе во свои раце , но сеуште ништо не е направено.

Од Проаква кажуваат дека сеуште чекаат одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Имено главната канализациона цевка треба да помине под регионалниот пат Охрид-Битола, а за вршење вакви градежни работи зелено светло треба да даде државата. Градоначалникот на Охрид е оптимист и вели дека проблемот скоро ќе се реши.

LeskoecИнаку владата од буџетот за оваа година издвои неколку милиони евра за доизградба на канализациона и водоводна мрежа во повеќе места во Охрид и околината.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top