Работата на Секторот за локален економски развој ставена под лупа на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра МакедонијаТој потенцираше дека луѓето кои го водат овој сектор досегa не донеле ниту една реална инвестиција ниту пак направиле некој посериозен проект за развојот на градот. Вети сериозни проекти за економски просперитет на Охрид.
Секторот за локален економски развој тема на денешната прес конференција на Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Бакрачески потенцира дека и после осум години овој сектор сеуште е на ниво на хипотези, теории и дисертации. Тој додаде дека луѓето кои го водат овој сектор досегa не донеле ниту една реална инвестиција ниту пак направиле некој посериозен проект за развојот на градот.
Бакрачески рече дека за да се остварат овие предуслови и да се забрза локалниот економски развој во нивната програма предвидени се неколку сериозни проекти. Тоа пред се е развојот на индустријата и стопанството со подршка на мали и средни претпријатија, унапредување на развојот на туризмот и културата, средување на урбанистичките активности и заштита на животната средина, подобрување на комуналната хигиена и хортикултура, подобрување на меѓународната соработка на градот, како и унапредување на земјоделството и агробизнисот.Секторот за локален економски развој тема на денешната прес конференција на Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Бакрачески потенцира дека и после осум години овој сектор сеуште е на ниво на хипотези, теории и дисертации. Тој додаде дека луѓето кои го водат овој сектор досегa не донеле ниту една реална инвестиција ниту пак направиле некој посериозен проект за развојот на градот.
Бакрачески рече дека за да се остварат овие предуслови и да се забрза локалниот економски развој во нивната програма предвидени се неколку сериозни проекти. Тоа пред се е развојот на индустријата и стопанството со подршка на мали и средни претпријатија, унапредување на развојот на туризмот и културата, средување на урбанистичките активности и заштита на животната средина, подобрување на комуналната хигиена и хортикултура, подобрување на меѓународната соработка на градот, како и унапредување на земјоделството и агробизнисот.
Идните планови на кандидатот за градоначалник се да формира економски совет на општината составен од локалната администрација, бизнис заедницата и научната фела со цел на иста маса да се решаваат проблемите на градот. Бакрачески најави дека ќе организира денови на македонската дијаспора и ќе отвори нова индустриска зона на потегот од излезот на Охрид и селото Лескоец. Има планови и за изградба на градски трговски центар по теркот на Ситимол каде би доаѓале да пазарат граѓани и од околните градови, но и од Албанија. Ова се само покрупните планови за идниот развој на Охрид, потенцираше Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.

{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град