ЛЕР на тапет!

Раководителот на секторот за локален економски развој доби сериозни обвинувања за кварталниот извештај.

 |  Татјана Маленкова  | 
Goce Simonoski
Гоце Симоноски

Раководителот на секторот за локален економски развој доби сериозни обвинувања за кварталниот извештај.

„Бараме градоначалникот да ги среди односите во ЛЕР, бидејки сите советници едногласно одлучивме дека состојбите таму не се добри“, вели советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски.

„Советниците упатуваат многу обвинувања на  извештајот и работата на секторот за локален економски развој. Кварталниот извештај кој ни беше доставен на разгледување е со доза на насериозност и неправилност“, обвинува советникот од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски.

Многу работи недостасуваат во извештајот од секторот за локaлен економски развој. Во него има само одредени табеларни показатели, без конкретни активности, обвинува претседателот на комисијата за ЛЕР, Верица Хајба.

„ Му се пожаливме на раководителот на секторот за локален економски развој, вели таа. До почетокот на седницата на која требаше да расправаме по ова прашање ни достави подетални образложенија, но и во нив немаше никакви детали за тоа колку и каде е потрошено, вели Хајба.

ezeroРаководителот на секторот Гоце Симоноски, овие обвинувања ги смата како политичка игра која сеуште не е завршена во новоформираниот совет.

Во наредниот квартал кога ќе го разгледуваме извештајот мислам дека посериозно ќе треба да се зафатиме за работењето на ЛЕР, бидејки тие како агенција треба да бидат отворени за јавноста, затоа што граѓаните заслужуваат да бидат информирани. ЛЕР треба конечно да го промени начинот на работа и  во иднина мора да се потранспарентни, вели претседателот на комисијата за ЛЕР.

Останува да видиме дали следниот квартален извештај на секторот за локален економски развој ќе биде со повеќе информации, поточно онаков како што бараат советниците. Да се надевема дека несогласувањата помеѓу раководителот и градските избраници за брзо ќе се надминат, во интерс на економскиот развој на Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top