• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • На доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ му беше врачено највисокото општинско признание

На доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ му беше врачено највисокото општинско признание

На доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ, на свечената академија каде му беше врачено највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски – патрон на Охрид. На фотографот Стојан Стојаноски и младата соло пејачка Миланка Новеска им беа доделени повелбите „Свети Климент Охридски“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
добитници
dobitnici

 

Доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ, на свечената академија што се одржа синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а по повод патрониот празник на градов, го доби највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски – патрон на Охрид. 85-годишниот Радиќ кој е  татко на „Охридскиот пливачки маратон”и низ чии раце поминаа звучни пливачки имиња рече дека се чувствува многу задоволен што најпосле некој се сети да му го признае трудот што го дал некогаш.

Имам две големи желби со кои сметам дека ќе се препороди охридското пливање, охридскиот спорт и целото охридско живеење: Зимски пливачки базен и скијачки центар на Галичица му требаат на овој златен Светиклиментов град, порача Радиќ.dobitnici

Со громогласен аплауз од присутните во центарот за култура беа поздравени овие желби на Радиќ кој ги остави како аманет за следните генерации. Осврнувајќи се на наградата, Леко Радиќ рече дека таа кај него буди спомени за спортските подвизи и големите настани кои засекогаш ќе се паметат во спортската историја.

-Светиклиментовата награда ги разбранува моите емоции, ме врати во годините наназад и ги разбуди спомените на едни убави времиња, на 1954 година кога го организирав првиот мал маратон, како и на 1961 година кога на Охридското Езеро се одржа првиот меѓународен Охридски пливачки маратон на патеката Охрид – Пештани – Струга.-истакна Леко Радиќ.

Синоќа беа доделени и повелбите „Свети Климент Охридски“ на фотографот Стојан Стојаноски и на младата соло пејачка Миланка Новеска. Во име на добитниците на највисокото општинско признание се обрати Александар Леко Радиќ кој рече дека посебно е задоволен што млади луѓе ја добиваат оваа престижна награда. Тој им порача на младите охриѓани во животот да ги следат позитивните примери, а на тој начин ќе постигнат и личен и колективен успех.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top