Легендата за љубовта помеѓу Александар Македонски и Бела Ица

„Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица“ е насловот на најновото дело на писателите Ванѓелко Лозаноски и Гордана Димовска.

 |  Мишел Наумоски  | 
aleksandar i bela ica
александар и бела ица

Македонија е извор на многу легенди и приказни. Некаде поместена помеѓу безбројот стои и онаа за големата љубов помеѓу Александар Македонски и убавата Бела Ица. Оваа легенда со свои зборови и напорно истражување во книга ја објави писателот Ванѓелко Лозаноски во коавторство со поетесата Гордана Димовска, која живее и работи во Мелбурн, Австралија. Насловена како „Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица“, оваа книга ќе ве донесе поблиску еден поинаков од историскиот Александар.

promocija kniga za aleksandar„Александар Македонски својата бурна младост ја доживеал токму на македонските простори. Почнувајќи од неговата 16та година, започнала да се буди неговата рана младост. Тој се заљубил во Бела Ица која навистина беше главен предмет на нивната љубов. Јас велам ова не е само Ромео и Јулија од македонските простори туку историска вистина дека Александар Македонски имал убави спомени и доживувања во македонскиот дел.“-вели еден од авторите на книгата, Ванѓелко Лозаноски.

Љубица Чифлигароска, една од промоторките на оваа книга вели оваа книга ја враќа во нејзиното детство.

„Таа книга претставува една легенда која што доаѓа од мојот роден крај, а тоа е кичевска Белица. Белица го добила името по Бела Ица. Таа била најубавата девојка во кралството на Македонија кога живеел Александар Македонски. Нејзината убавина, светлост и нежност која што ја поседувала во себе, а истовремено е и еден од борците за тој крај, претставува симбол на женственоста, но и воинот-жена, непобеден.“-рече Љубица Чифлигароска, промотор на книгата.

odiseja aleksandarВтората промоторка на книгата на Лозаноски и Димовска, Ана Калајџиевска вели дека ваквите книги никогаш не се доволно на број.

„Љубовта е таа што не движи во животот. Така во страниците на оваа книга опишана е една љубовна одисеја помеѓу Александар Македонски и убавицата Бела Ица. Александар Македонски кој е еден од најопеаните историски ликови во нашата земја, се заљубил во прекрасната божествена убавица, Бела Ица. Мене ми е мило и чест што сум дел од промоторите на оваа книга и се надевам дека ваквите книги ќе се множат и дека ќе има многу повеќе.“-Ана Калајџиевска, исто така промоторка на книгата.

Па ако сте љубители на историјата, на пишаниот збор и на љубовните легенди, „Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица“ е книгата за вас.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top