Убавината кратко траеше

Настрадаа лед диодите поставени на макетата на старата охридска куќа  кај влезот на Охрид.  Екипи на општина Охрид работат на санација на оштетувањата.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ohridska kuka
охридска куќа

Настрадаа лед диодите поставени на макетата на старата охридска куќа  кај влезот на Охрид. Само после еден ден од нивното поставување непознат сторител ноќеска упаднал во паркот кај клучката на излезот од Охрид, го исклучил напојувањето, и украл дел од поставеното осветлување.

Случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи од Охрид, каде екипите излегоа на терен и извршија увид на лице место. Ќе се трага по сторителот, вели  Сашо Велјановки-советнитрагак за јавно осветлување.

Штетата која е направена изнесува околу 20 000ден., вели Велјановски. Екипи на општина Охрид работат на санација на оштетувањата. Тие изразија разочараност од односот на поединци кон јавните добра и апелираат да се води повеќе сметка за истите.

Апелирам граѓаните да бидат посовесни и поодговорни бидејќи ваквото уредување на влезот на Охрид е за општо добро, вели Велјановски.

Инаку, пред два дена на иницијатива на локалната самоуправа на влезот во Охрид од Скопје во паркот кој допрва хортикултурно ќе се уредува, беше поставен грбот на градот со стрелка која упатува на влезот во Охрид, како и макета на охридска куќа. После неколку децении Охрид доби уреден и

осветлен влез кој не остана незабележан од многубројните посетители.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top