Општинската организација на Либералдемократската партија од Охрид, јавно искажа благодарност кон младите охридски таленти.
Изминатава година Охрид особено се истакнува со бројот на млади талентирани деца во најразлични области кои постигнуваат големи успеси. Од научници, одлични стрелачи, кајакари, велосипедисти преку талентирани пејачи и млади уметници. Ова го забележаа од О.О на ЛДП од Охрид кои на прес конференција јавно им се заблагодарија и им изразија подршка на сите млади таленти кои се закитија со награди и кои одлично го промовираа Охрид. Но искажаа и доза на загриженост.
„ЛДП сака да ја поздрави големата ангажираност на младите во невладините организации и волонтерска работа. Истовремено сме загрижени за тешкиот пат низ кој минуваат и проблемите со кои се соочуваат на тој пат поради недостаток на средства овие млади таленти. Место да ја насочат својата креативна енергија кон остварување на првите места, истите пред секое натпреварување се соочуваат со огромни финансиски проблеми. Покрај другото, за многу талентирани деца не постојат соодветни услови за нивно понатамошно усовршување.“-рече професор д-р Лидија Јевтовиќ, претседател на форумот на жени на ЛДП.
Од ЛДП за овој сериозен проблем, велат дека имаат решение кое не е нималку политичко, а кое сепак треба да потекне од политичките субјекти во градов. Со нивното решение велат дека ќе биде симнат товарот од плеќите на родителите, но пред се од децата.
„ЛДП предлага сите политички партии, локалната самоуправа и градоначалникот, бизнис секторот како и сите граѓани од Охрид да формираме една фондација во која сите ќе партиципираме со цел подршка на талентираните млади луѓе. Истото како форма, бидејќи во таа заложба ќе учествувааат сите политички партии, ќе оневозможи политичко етикетирање на младите и нивната злоупотреба за политички маркетинг. На овој начин ќе се зачува достоинството на младите таленти и нивните семејства.“-вели Јевтовиќ.
Проф.д-р Јевтовиќ додава дека меѓу другото, како подршка на ова нивно решение, предлагаат при идната проекција на општинскиот буџет да се одвојат повеќе средства за талентираните деца. Од ЛДП уште еднаш потенцираа дека овој нивни предлог не е политички предлог туку во фокусот ги реди сите луѓе пред се како родители, а потоа и како граѓани на овој град. Со формирањето на оваа фондација тие сметаат дека во голема мера ќе се олесни испраќањето, следењето и целокупната подршка за талентираните охриѓани на сите меѓународни па и државни натпревари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град