ЛДА од Струга го реализира проектот, „Сино и зелено наспроти црно и сиво“

По повод 5 март – Светски ден на енергетска ефиксаност, тимот од Локалната агенција за развој, Струга која го спроведува проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво”.

 |  Голабовски Крсте  | 
energetska efikansost
енергетски ефикасност

 

energetska efikansostПо повод 5 март – Светски ден на енергетска ефиксаност, тимот од Локалната агенција за развој, Струга која го спроведува проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво”.

Од ЛАР велат дека трошиме речиси двојно повеќе енергија од европскиот просек. Во таа смисла потребна ни е поширока акција за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Токму енергетската ефикасност значи намалување на енергетската потрошувачка без притоа да се наруши комфорот на животот и работата на населението.

Едно од решенијата е и инвестирање во обновливите извори на енергија.  Обновливите извори на енергија, кои се  лесно достапни во руралните области кои се целна група на нашиот проект,  во најголема мера се неискористени и најчесто претставуваат отпад од самиот процес на производство. Инвестирањето  во нови технологии ќе придонесе за нивно  искористување, со што ќе се зголеми  производството, ќе се создадат нови работни места и ќе се обезбеди социјална  сигурност. Воведувањето на енергетската  ефикасност и поголемото искористување на  обновливите извори на енергија придонесува  кон остварување на позитивни финансиски  ефекти и зачувување на животната средина.

energetska efikansostЛокалната Агенција за развој (ЛДА) во соработка со партнерите EuroPartners Development и Eco Partners for Sustainable Development од Албанија започнаа со спроведување на проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво”. Проектот е во рамкките на ИПА програмата Македонија – Албанија финансиран од Европската Унија во мерката 1.2: Одржлив развој со акцент на заштита, прoмоција и управување со природните ресурси и екосистеми. Главната цел на проектот е да помогне во ефективна и одговорна употреба на природните ресурси во прекуграничното подрачје на Охридското Езеро, подобрувајќи го одржливиот развој на регионот.  
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top