На празничниот ден 8 ми септември многу од трговците во Охридската чаршија работеа. Сопствeниците на објектите не го почитуваа законот за работното време.
На празничниот ден 8 ми септември многу од трговците во Охридската чаршија работеа. Сопствeниците на објектите не го почитуваа законот за работното време. Но, напладне продавачите одненадеж почнаа да ги затвараат дуќаните. Дуќанџиите се исплашиле од инспекциска контрола.
Трудовите инспектори негираат дека вршеле засилени контроли. Велат дека лажната вест ја прошириле самите дуќанџии.
Од трудовата инспекција ги потсетуваат работодавачите дека нивна обврска е да го почитуваат работното време,вклучувајќи ги и празничните денови. Засега почитувањето на законските одредби во врска со работното време е оставено на свеста на работодавачите.
Но, најавуваат построги контроли и во овој домен. Инаку, трудовите инспектори на почетокот од јули спровеле голема контрола во која биле вклучени над 60 републички инспектори. Биле извршени над 500 контроли претежно во угостителските објекти. Велат како резулата на акцијата биле донесени 84 решенија за забрана поради непријавување на работници.По контролите 70 насто од сопствениците ги пријавиле вработени и над 200 работници, биле варботени претежно од сезонски карактер. Во август, пак по овој основ биле поднесени 5 пријави за поведување на прекршочни пријави до општинскиот суд Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град