Лазаревска не прифати предизборен ТВ дуел


ТВ дуелот како двобој на ставови, аргументи и контра аргументи на јавна сцена е нормален и составен дел од политичка кампања во избори во демократско општество и е показател на политичката култура. Иако твм организираше тв дуел со кандидати за пратеници во 5ИЕ, тоа ќе им биде ускратено на граѓаните. Кандидатот за пратеник Жаклина Лазаревска не прифати телевизиско соочување со политички опонент иако од партијата своите кандидати на овие избори ги охрабрувале да учествуваат на дебати.

 |   | 


Регионална ТелевизијА ТВМ – Охрид  во интерес на јавноста во рамки на медиумското покривање на изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020 год отстапи простор за бесплатно презентирање на изборната програма на учесниците.
Од неколкуте предвидени полчасовни емисии не се реализира само претставувањето на програмата на СДСМ и Колаицијата МОЖЕМЕ на која требаше да гостува кандидатот за пратеник, Лазе Таневски. Таневски уредно ја прифати поканата за гостување но непосредно пред закажаниот термин мораше да го откаже присуството поради неодложна активност во рамки на кампањата.

ТелевизијА ТВМ предвиде и реализирање на тв дуел со кандидати за пратеници во 5ИЕ како соочување на ставовите и програмите на двете најголеми партии , СДСМ и опозиционата ВМРО ДПМНЕ. Беа поканети кандидатот за пратеник од СДСМ и Коалицијата МОЖЕМЕ, Жаклина Лазаревска и кандидатот од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија Лидија Петкоска.
Жаклина Лазаревска иако првично се декларира дека никогаш не одбива политичко соочување не се одважи да ни одговори на поканата и не се охрабри да прифати тв дуел, иако од централата на  партијата во Скопје ни беше кажано дека нивните кандидати имаат целосна слобода да учествуваат во дебати и ја охрабруваат Лазаревска да го прифати дуелот.

Како кандидатот очекува граѓанинот да му  делегира власт ако  тој кандидат не е подготвен во директно телевизиско соочување да ги вкрсти аргументите и да ги одбрани ставовите, истите тие  кои на долго и на широко ги чита на прес конференции.
ТВ дуелот како двобој на ставови, аргументи и контра аргументи на јавна сцена е нормален и составен дел од политичка кампања во избори во демократско општество и е показател на политичката култура. Тоа е едно сиже на кампањата и тест за кандидатите и нивната способност да ги презентираат но и да ги одбранат пред опонентот политичките стојалишта и ветувања  со кои бараат доверба од  гласачкото тело.  И како таков, дуелот не треба да им биде ускратен на граѓаните.

Затоа, лидерите на СДСМ , Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред предвремените парламентарни избори до сега имаа три дуели. Жаклина Лазаревска, која впрочем ја бара довербата од граѓаните за втор пратенички мандат, одби да учествува на еден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top