• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Лазаревска: Локалната власт наместо да го спречи таа помага во уништувањето на Охридското Езеро

Лазаревска: Локалната власт наместо да го спречи таа помага во уништувањето на Охридското Езеро

Локалната власт наместо да го спречи таа помага во уништувањето на Охридското Езеро, обвинија од ОО на СДСМ на денешната прес конференција која се одржа во близина на малото пристаниште на Кеј Македонија.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Под итно да се спречи екстремното повлекување на водата од Охридското Езеро заради производство на струја, бараат охридските социјалдемократи. Пратеничката Жаклина Лазаревска кажа дека со вчерашната реакција на општина Охрид, на охридската јавност и станало јасно, дека градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници знаеле за штетите што му се нанесуваат на езерото, но досега не презеле ништо за да го спречат алармантното намалување на нивото на водата.

„Општина Охрид мора да најде начин да стави крај на опустошувањето на езерото кое потсетуваме е заштитено од УНЕСКО како светско природно наследство. Доколку општината не превземе мерки за заштита на езерото тогаш ќе се потврди дека Локалната власт наместо да спречи таа помага во уништувањето на Охридското Езеро

Лазареска вели, наместо да обвинуваат за поларизациа и партизација Локалната власт мора конечно да се зафати со работи и да превземе соодветни мерки преку кој ќе се спречи понатамошното влошување на состојбата во Охридскот Езеро.

„Укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на РМ за да прикрива неодговорни политики. Со промените кои доаѓаат ќе се стави крај и на несовесниот и неодговорниот кон Охридското Езеро, а одговорност ќе има и за секој кој сторил било какви уништувања на природните богатства на Македонија

И советничката во Советот на општина Охрид Виолета Мицкоска, го искажа своето мислење околу актуелната состојба со Охридското Езеро.

„Многу светски и европски научници кои што се занимаваат со природните богатства во светот каде спаѓа и нашето езеро имаат децидно кажано, дека цел био-диверзитет е нарушен на Охридското Езеро, односно дека 5 те метра кои што се плиткото крајбрежје е основно за да се одржи биодиверзитетот на Охридскот езеро каде се одвиваат сите животински процеси од микро и макро флората и не смее тоа да се наруши тоа, со масовни градби кои што навлегуваат во езерото тоа ќе се наруши и Охрид ќе го изгуби она што го има“.

Охридскто Езеро како природно наследство не обврзува како да се однесуваме спрема него, и секоја гарнитура која е на власт а посебно одговорниот на градот треба да реагира прв, пред сите останати здруженија граѓани и организации а не после нив забележуваат охридските социјалдемократи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top