Лазаревска: Градиме социјална држава за СИТЕ

СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво.  ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници. Во следниот мандат обезбедуваме уште поголема социјална поддршка за граѓаните, кажа во своето обраќање кандидатот за пратеник во ИЕ 5, Жаклина Лазаревска.

 |   | 

 

СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво.  ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници. Во следниот мандат обезбедуваме уште поголема социјална поддршка за граѓаните, кажа во своето обраќање кандидатот за пратеник во ИЕ 5, Жаклина Лазаревска.

„ За три години, СДСМ донесе социјална реформа со која социјалната помош ја зголеми за 300 отсто, воведе детски и образовен додаток.
Во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца! Го решивме проблемот со стечајците кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше. 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечено, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.“ – кажа Лазаревска.

Концептот парите назад кај граѓаните продолжува преку враќање на 28 милиони евра на преку 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за туризам, кажа Лазаревска. Таа додаде дека дополнително се зголемува опфатот на домашната платежна картичка и со пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.  Градиме држава која е праведна и правна за сите, порача Лазаревска.

Нотарските и трошоците за извршители ги намаливме, а 11 ставки за трошоци за извршување, целосно ги укинавме. Со отписот на камати на долгови за физички лица, избришавме 10 милиони евра долгови на граѓаните Казните ги намаливме и до 75 отсто, воведовме опомена пред казна и пропорционално казнување.  СДСМ се грижи за сите и враќа пари назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и зема пари од граѓаните.

На 15 јули граѓаните ќе гласаат за фер и праведно општество и правна држава. Обнова на криминалот, обнова на режимот нема да има, рече Лазаревска, кандидат за втор пратенички мандат на СДСМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top