Лајош Берец и Ана Суботиќ победници на 28от Охридски атлетски маратон

Старо-нови победници Лајош Берец од Унгарија и србинката Ана Суботиќ која е рекордерка на патеката во женска конкуренција. Организаторите задоволни од тоа како протече 28мото издание на маратонот, но разочарани од слабата финансиска поддршка.

 |  Мишел Наумоски  | 
maraton
маратон

28от Охридски атлетски маратон доби старо нови победници. Втора година со ред, исклучително тешката патека од Свети Наум до градскиот парк во Охрид прв ја истрча унгарецот Лајош Берец кој доминираше и на претходното издание на маратонот. Во женска конкуренција пак, на тронот се искачи рекордерката на патеката, србинката Ана Суботиќ.

atletski maratonБеше навистина добра трка за мене. Времето беше малку топло при крајот на тката, но се чувствував добро, тренирав многу преку летото, па имав надеж дека ќе истрчам добро време, двајцата маратонци од Србија беа навистина добри, но ги победив и имав добро време на крајот.“-изјави Лајош Берец, победник во машка категорија.

„Овде дојдов со само еден посериозен тренинг, со оглед на тоа дека за месец дена имам маратон. Најверојатно ќе трчам во Загреб. Така да денес овде имаше навистина добро време, мислев дека ќе врне и времето ќе е неповолно, но беше супер, јас навистина сакам да трчам овде во Охрид. Ми се допаѓа патеката, доста е напорна и тешка, но сакам такви патеки и ете не го соборив рекордот кој сама го поставив, но задоволна сум од денешниот учинок.“-рече победничката во женска конкуренција, Ана Суботиќ.

Ohridski atletski maratonОрганизаторите задоволни од тоа како протече 28то издание на Охридскиот атлетски маратон, а пред се од бројноста на учесниците која изнесуваше околу осумдесеттина маратонци, но во исто време и разорачани од слабата финансиска поддршка.

„Годинава од општина имавме 650 евра и дел некој рекламен материјал поддршка. Тоа е навистина досега најмалку во изминативе години, а од државата немавме ништо. Да го споменам тука Живко Стојчески од Австралија, кој е воедно и најтрофеен маратонец, досега пет пати победувал, тој донираше 1000 евра и со тој награден фонд се решивме да го правиме маратонот годинава, инаку се двоумевме.“-вели директорот на трката, Пецо Неданов.

Инаку Охридскиот маратон за прв пат е организиран во 1976 година и се организираше 18 години без прекин, се до 1993 година. Поради големата заинтересираност после првото одржување на маратонот, од општински, републички прерасна и во меѓународен атлетски маратон. Од 1993 година следи еднодецениска пауза за во наредните години повторно да биде успешно организиран. Маратонот важи за еден од најтешките маратони и се трча долж крајбрежјето на Охридското Eзеро од Св. Наум до Охрид со многу нагорнини и надолнини со вкупна должина од 30 километри.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top