Традиционална донаторска акција на лајонс клубовите од Охрид. Десарети, Лихнидос, Деница и Ротари клубот донираа пакети со храна за ранливите категории.
Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид ја организираше традиционалната донаторска акција во месец јуни. Оваа акција велат дека ќе продолжи и во наредните години. Особено се задоволни бидејќи во оваа нивна акција добиваат поддршка и од останатите лајонс клубови и хуманитарни организации од градов. Благодарност добија и од Црвениот крст од Охрид преку кои се спроведе оваа акција.
„Оваа акција секогаш ни е поддржана од сите други лајонс клубови, лајонс клуб „Лихнидос“, „Охрид“, „Деница“ и „Ротари“ клубот. Собраните донаторски средства оваа година одлучивме да ги дадеме во вид на пакети на храна, на ранливите категории, а утре ќе донираме и двд плеер за Друштвото на слепи на нивно барање.“-рече претседателот на лајонс клубот „Десарети“, Иво Захариев.
„Сакам да изразам благодарност од името на корисниците на оваа помош на оваа хуманитарна помош до сите лајонс клубови, до Ротари клубот, до сите хуманитарни организации во Охрид кои на овој начин помагаат на социјално загрозените категории на луѓе и би сакал да ги охрабрам и поттикнам и останатите од корпоративниот сектор, фирми и институции кои можат нивното малку да го преточат во многу за оние кои немаат ниту малку.“-рече претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град