Лајонистите и матичните лекари од Охрид во борба против дијабетесот

Матичните лекари од градов се вклучуваат во регионалниот проект на Лајонс клубот Охрид. Тие во наредниов период ќе работат на откривање на можните пациенти заболени од дијабетес мелитус тип 2.

 |  Николоска Биљана  | 
lions
лионс

Лајонс клубот Охрид од Охрид,  во соработка со матичните лекари започна со спроведување на проектот за превенција и борба против дијабетесот. Оваа благородна акција доаѓа во месецот на дијабет кој се одбележува во светски рамки.  На првата координативна средба помеѓу дел на членството на НВО Лајонс Охрид и општите лекари од Охрид, претседателот на клубот Михајло Арнаудов  упати јасна порака, активно вклучување на докторите од примарната медицина за рано откривање на дијабетот кај пациентите, што пак би помогнало во утврдување на реалната бројка на дијабетичари во општинава. Др. Сашо Василевски пред се како доктор но и како претставник на Лајонс клубот Охрид укажа на сериозноста од дијабетисот кај охриѓани, поточно дека оваа состојба веќе зазема епидемиолошки размери.

lions„Јас како лекар кој директно работам со пациентите заболени од дијабетес мелитус тип 2. Воочивме една голема проблематика во градот имаме една епидемија на болеста дијабетес мелитус. Регистрирани се некаде околу 6 000 пациенти од кои околу 1779 се на инсулинска терапија. Заедно со нашите статистика тврдиме дека таа бројка е минорна во однос што се случува во населението во нашиот град. Сметаме дека бројката е повеќе од 10 000 илјади“-вели Василески.

Почнуваме со превенирање на дијабетесот  како не би дошло до болест и компликациите од истата меѓу кои е и слепилото, бидејќи и мотото на нашата организација е „Витези на слепите“, потенцира Василески. Лајонсите со овој проект одлучно застануваат на фронтот против дијабетесот и тоа не само на локално ниво, нивното делување планираат да го прошират и во регионот.

„Тука ние и не застануваме затоа што работиме во посредство со Лајонс Интернешнл од Чикаго еден голем проект за регионализација на овој проблем така да во текот на декември месец во Македонија ќе биде присутен и интернационалниот претседател на Лајонс Интернешнл лајон Мејдн и ќе посетиме неколку градови во Р. Албанија каде имаме свои клубови“-изјави Василески.

На првата средба со претставниците на Лајонс клубот Охрид, присуствуваа доктори од 28 приватни здравствени организации од примарната здравствена заштита со цел активно да се вклучат во регионалниот проект за откривање и превенирање на можните пациенти од дијабетес мелитус тип 2. Примарната медицина се смета дека е темел на здравството во нашиот град и ако тоа не функционира не функционираат ниту болниците и пациентите, категоричен Васлески. Додава дека токму затоа и оттука се започнува.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top