Лајонс клубот „Охрид“ годинава по четврти пат го организира натпреварот „Топ 10“.
Денес во просториите на образовниот центар „Пи-си“ се одржа вториот циклус од натпреварите „Топ 10 Избор на најдобар ученик на градот Охрид“, за учебната 2011/2012 година. Електронските тестирања за избор на најдобрите десет ученици, се спроведоа по наставните предмети македонски јазик, англиски и математика. Учениците задоволни од тестовите и времето кое им беше дадено за решавање.
Годинава се натпреваруваа 125 натпреварувачи, ученици од 5-то до 8-мо одделение од шест основни училишта од Охрид. Училиштата ги избираат најдобрите ученици, додека од Лајонс клубот „Охрид“ го изведуваат тестирањето. Се полага на специјална хартија, а тестовите веднаш по завршувањето се ставаат на скенер. За кусо време се врши евидентирање на точните и неточните одговори.
„Ги составуваме прашањата и ги тестираме. Секое училиште си врши избор на прашања, ги селектира прашањата и доставува до Лајонс Клуб – Охрид, па по случаен избор се избираат прашањата и децата се тестираат, веднаш по тестирањето, се стваат во компјутер, се скенираат и веднаш излегува листата на најдобро пласираните. Ова е втор круг, едниот веќе се одржа. За во иднина размислување да има само еден круг“, вели претседателот на Лајонс клубот „Охрид“, лајон Драган Спасески Охридски.
Лајон Спасески открива дека првичната желба на Лајонс Клубот била децата да се тестираат по сите предмети, меѓутоа многу од наставниците реагирале дека е невозможно учениците да бидат концентрирани за сите предмети подеднакво, по што била донесена крајна одлука тестирањата да бидат по математика, македонски и англиски. Учениците кои ќе покажат најдобри резултати на натпреварувањата или оние кои ќе бидат избрани во ТОП 10, ќе бидат добро наградени. Дознаваме дека фондот на награди кој секоја година
ги обезбедува Лајонс Клубот е помеѓу 5 и 7 илјади евра.
„Тука се школарини за училишта, мобилни телефони уметнички слики, медали. Значи покрај симболиката има и парични награди. Нас ни е многу битно тие луѓе да ги извадиме од секојдневната монотонија и да станат позитивен пример за основното училиште и за градот. Тие деца да ги инкорпорираме во општеството, а не да ги расејуваме по светот како готов кадар“, вели лајон Драган Спасески Охридски.
Проектот ТОП 10 во организација на Лајонси, покрај во Охрид од неодамна се одржува и во Прилеп и Битола. Организаторите велат дека се посебно среќни што овие натпреварувања заживуваат и во другите градови низ Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град