Лагадинци не сакаат мегаломанска копија

Денес мештаните на У.Е. Лагадин до надлежните органи и ресорни министерства го испратијаприговорот за зачувување на мирот, спокојот и природата во населба Лагадин икрајбрежјето на потегот Лагадин – Пештани.

 |  Голабовски Крсте  | 

Денес мештаните на У.Е. Лагадин до надлежните органи и ресорни министерства го испратијаприговорот за зачувување на мирот, спокојот и природата во населба Лагадин икрајбрежјето на потегот Лагадин – Пештани.

плажаПриговорот е потпишан од околу двесте лица, сопственици на домови и комерцијални објекти вонаселбата и долж крајбрежјето, што се всушност сите мештани со само неколкуискучоци.  Сите имаат едногласен  став дека на Лагдин ниту  на Охридското езеро кое светот го препознал посвоите автентични природни богатства, НЕ му доликува да стане лоша мегаломанска копија на медитеранските летувалишта. Охрид нуди богата целогодишна програма зарекреативен, еко, културен, верски, планински туризам и не заслужува неговиотидентитет да биде деградиран и промовиран како едно обично капалиштефункционално само во летните месеци.  Охрид ниту Лагадин никогаш не бил познат посвоите песочни плажи како атракција за странските гости што и онака е „демоде“во светските туристички понуди. Во прилог наприговорот е приложен и официјален документ однајголемите тур оператори ТУИ и Корендон и туристички агенции кои статистичкипотврдуваат дека целната група на гости кои престојуваат во Лагадин сефамилијарни гости и постари лица кои лагадин го одбрале токму заради спокојот иблискоста со природата.

плажаВо однос нанашиот став за развој на еко туризам наместо мегаломански агресивно менување налинијата на езерото, се повикуваме и на општина Охрид и градоначалникотБакрачески кој неодамна на градскиот плоштад по повод  денот на Планетата Земја 22 Април, пред своитесограѓани изјави дека зачувување на животната средина е столб на нашетоопшество. Во својот поздравен говор тој истакна дека општината ги приоретизирапроектите за зачувување на природното и културно наследство како што еобновување на прочистителните станици, системот за справување со отпадни води итн.

Токму системот засправување со отпадни води во Лагадин не дозволува понатамошна урбанизација иоптеретувања. Сведоци сме на погрдни сики од фекална вода која секоја година воекот на сезоната се прелева во езерото, пред очите на странските гости.

Апелираме заповлекување на овие несоодветни идејни решенија, бараме консултација со јавности заедничко одлучување за иднината на јавните добра, бидејќи имплементација наовие проекти е спротивна  на бројнитезакони за животна средина, заштитени видови и законот за води, според кои се заштитува крајбрежјето и појасот натрска заедно со сиот растителен и животински свет.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top