ФТУ доби лабораторијата за учење на далечина

Пуштена во употреба лабораторијата за учење на далечина, инсталирана на ФТУ.

 |  Маленкова Татјана  | 
FTU labaratorija ucenje na dalecina
ФТУ лабараторија учење на далечина

факултетот за туризам и угостителство преку проект на владата на Р Македнија доби лабараторија  во вредност од 2.2 милиони денари. Ова е една од  190 те лаборатории со кој ќе се обезбеди неоходната техничка инфраструктура, која овозможува поврзување од точка до точка.  

Дел од опремата е инсталиран во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, а другиот дел во просториите на дисперзираните студии во Велес. Од факултетот откриваат дека лабараторијата за учење на далечина подолго време ја посакувале.FTU labaratorija ucenje na dalecina

„Аплициравме на огласот за опремување на лабараторија од страна на министерството за образование и наука и министерството ни одобри 2 милиони денари за реализација на една ваква лабараторија. Ја добивме инсталирана е, подесена, тестирана и денес ја промовиравме онака како што треба да функционира“, вели продеканот за настава проф. Д-р. Цветко Андреевски.

Андреевски открива дека лабараторијата ќе почне да се применува од следната недела и тоа за дисперзираните студии. Тој додава дека ФТУ не застанува тука, туку и натаму ќе го развиваат својот потенцијал за учење на далечина, во соработка со партнери институции како што е факултетот за информатички технологии и компјутерско инжињерство кои се понапред од нас во тој дел и со кој имаат одлична соботка.

„Тековно опремата ја користиме за комуникација со универзитетот за применети науки од Еберсвалде, во тек сме на креирање на заедничка програма за втор цикус на студии за одржлив развој“, вели продеканот за настава.FTU labaratorija ucenje na dalecina

Факултетот за туризам и угостителство од Охрид има широка мрежа на високообразовни институции со кои соработува и со сите нив сега ќе може да контактира и работи без професорите да патуваат.  Факултетот за туризам и угостителство – Охрид веќе има остварено таков вид на соработка со Здружението на комјунити колеџите од САД, (посебно комјунити колеџот во Сент Луис и комјуните колеџот во Њу Џерси – Мерсер), како и со Универзитетот за применети науки во Еберсвалде – Германија. Од факултетот велат дека ќе направат се ваквата соработка да ја  прошират со други партнер институции како: Факултетот за менаџмент во туризмот во Опатија, Универзитетот во Кадикој – Република Турција, Т.Е.И Универзитетот во Солун, Република Грција, и сите други институции со кои факултетот и Универзитетот Св. Климент Охридски имаат потпишано договори за соработка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top