Невработените лица покажуваат голем интерес за обука на компјутери.
Елена Стојаноска е професор со завршен педагошки факултет. Таа веќе 5 и пол години чека вработување. Стојаноска за обуката која во моментов ја посетува вели секое знаење и диплома се добредојдени.
И Љупчо Тупанчески кој по 32 години работен стаж, останал без работа, се запишал на курсот по комјутери за да добие пошироко знање, но посебни очекувања по неговото завршување нема. Се запишал за да ги совлада комјутерските вештини, но пред се за лична сатисфакција.
Во групата која сега ги посетува часовите по обука за компјутери има над 20 невработени лица и се бара столче повеќе објаснува Лилјана Фанкоска која ги држи часовите по обука. Фанкоска додава дека отпорот кон компјутерите е надмината состојба. Посетители на обуките има од 18 до 60 годишна возраст. Помладите се со повеќе предзнаења вели таа, но и повозрасните одлично се вклопуваат. Бесплатните обуки по компјутери за невработените се во организација на Центарот за вработување и се одржуваат третта година по ред. Досега со комјутерско знаење се стекнале над 300 лица кажува Фанкоска. Покрај обуката за комјутери тука се одржува и обука по англиски јазик, почетен и продолжен курс.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град