За Курбан Бајрам гости од Турција во посета на Охрид

За муслиманскиот празник Курбан Бајрам 400 гости од Турција во тридневна посета на Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
turisti od Turcija
туристи од Турција

turisti od TurcijaЗа муслиманскиот празник Курбан Бајрам 400 гости од Турција во тридневна посета на Охрид. Девет дневниот одмор што го имаат граѓаните на Турција го користат за органзиарани патувања. Поголем број од нив прстојуваат и во нашиот град вели Филип Стефаноски преставник на турскиот туроператор Lets travel Balkans.

Туристите од Турција пристигаат со чартер лет до Тирана, а потоа патуваат со автобуски превоз низ регионот во Косово, Хрватска, Црна Гора БиХ и  Македонија. Стефаноски најавува за идната година многу поголема посета на турски туристи на земјава.

„Интерeсот ќе биде многу поголем до година оптимистички најавува Стефаноски. За само една и пол година постоење на Lets travel Balkans интерсот кај Турците за посета на Македонија споредено со минатата година и  оваа пораснал за дури 80 посто“.

По организираната посета на историските знаменитости на градот и на комплексот Св. Наум,  во национален ресторан ќе им се организира македонска вечер. Гостите ќе бидат послужени со специјалитети од нашиот регион и ќе им биде презентиран македонскиот фолклор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top