„Купи куќа за млади“ во Охрид

Министерството за финансии и општина Охрид на 24.02 2016 година (среда) во големата сала при општината со почеток во 17 часот ќе одржат јавна презентација на проектот Купи куќа за млади.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

Министерството за финансии и општина Охрид на 24.02 2016 година (среда) во големата сала при општината со почеток во 17 часот ќе одржат јавна презентација на проектот Купи куќа за млади.

logoНа средбата ќе се дискутира кои се условите за купување куќа и каде младите може да најдат државни плацеви.

На средбата меѓу другото ќе стане збор и за  понудата на плацеви  за таа намена во Охрид,оние кои во моментот општината ги има предвидено за таа намена  или кои ќе ги понуди во блиска иднина.

Се покануваат сите заинтересирани граѓани во среда да земат учество на настанот затоа што ќе имаат можност  директно да поставуваат  прашања поврзани со проектот и веднаш да добијат одговори.
Проектот „Купи куќа за млади“ субвенционира кредит за изградба на куќа така што исплаќа 80 отсто од ратата осум години и 50 отсто од ратата следните три години, или субвенционира 100 отсто од учеството.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top