Ова се препораките кои произлегоа од обуката за планови за управување со културното наследство.
Не е доволно само да се поседува културното и природното наследство. За негово вистинско зачувување, мора да се има стратегија за развој и управување со истото. Ова е една од препораките кои произлегоа од обуката за планови за управување со културното наследство. Обуката е дел од СУСТКУЛТ проектот за достигнувње на одржливост преку интегриран пристап на управување со културното наследство.
„Ова е план кој не служи само за заштита, туку и за развој на местото, за иднината на ова место. Тоа е исто така план кој мора да објасни какви бенефиции градовите и населението ќе добијат од ова светско наследство.“-вели Катри Лисидцин, лидер на обуката и експерт за културно наследство.
„Па местото е сеуште тука, можеме да го видиме, прекрасно е, но мора да го препознаеме развојот и во однос на туризмот, зградите и инфраструктурата. Она што ние сакаме да дознаеме е која е слабоста на ова место. Колку развој може да претрпи пред да го загуби својот карактер. Мислам дека ова е нешто за што во иднина мора да се размислува. Каде сакаме да одиме со развојот?“-вели Катри Лисидцин-експерт за културно наследство.
Учесници на обуката се и претставници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Тие се надеваат дека преку оваа обука ќе дојдат до нови сознанија за развој на културниот туризам. Иако градот располага со одлични услови за развој на овој вид туризам, сепак тие сметаат дека сеуште постојат слабости на кои мора да се работи.
„Спрема истражувањата кои што ги имаме од Факултетот за туризам и угостителство, сметаме дека треба сеуште да се работи, посебно во доменот на преоптовареноста на некои локации, односно треба да се изготват капацитети за некои локации кои што се занимаваат со културниот туризам, односно проблемот е премасовноста во некои локации. На пример кај нас, црквите во исто време се и музеи, па имаме во одредено време особено во туристичката сезона, преоптовареност со туристи во некои од тие цркви.“-рече Михаил Ристески од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
На настанот учество зедоа претставници на сите релевантни институции кои учествуваат во изготвувањето на планот за заштита на природното и културно наследство на охридскиот регион.
Градот Охрид, заедно со Венеција, Вилавската долина од Словенија, Крф од Грција, Берат од Албанија и манастирот Хурези од Романија, како дел од европскиот проект за интегриран пристап во управување со културното наследство во Југоисточна Европа, во наредните три години ќе разработува стратегија за постигнување одржлив развој, притоа водејќи сметка на зачувувањето на културното и историското наследство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град