Богато културно лето во Охрид

Лето исполнето со голем број културни настани. Ова го ветува директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцевска. Охридскиот театар подготвува изненадување за сите њубители на театарската уметност.

 |  Јаковлева Лионела  | 
teatar

 

Богато културно лето најавуваат од Центарот за култура „Григор Прличев“. Нова понуда за охриѓани се филмските проекции во три де анимација. Директорката Драгана Боцевска вели дека интерес кај публиката постои што покажал и бројот на посетители при прикажувањето на филмот „Одмаздници 2„. Филмот повторно ќе биде репризиран на 16ти април, а во наредниот период ќе има уште две проекции. Ќе биде прикажан филмот „Лудиот макс“ како и анимираниот филм наменет за помладата популација, „Дома“. Во центарот за култура се работи и на други проекти. Се подготвуваат за францускиот филмски фестивал кој треба да се одржи на 20ти јуни. И оваа година во Охрид ќе има само еден ден посветен на францускиот филм, а отварањето на фестивалот ќе биде во Скопје. Веќе завршуваат подготовките и за овогодинешното издание на Балкански фестивал, а охридскиот театар работи со полна пареа.

Театарот се подготвува за учество на фестивалот на македонските театри Чернодрински, а интензивно се работи на театарската престава со која премиерно ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“. Додека не се обелодени програмата на фестивалот името на преставата се чува во тајност, вели директорката.

Публиката во дел од културните настани ќе може да ужива на отворена сцена. Платото пред центарот за култура и ова лето ќе биде приспособено за настапи а ќе се користи и сцената кај летната бавча каде покрај концерти ќе има и проекции на филмови на отворено.teatar

Гледаме колку што се нашите можности а некогаш и повеќе од тоа да и понудиме на публиката различни културни настани. Во предвид го земаме и тоа што Охрид е туристички центар па понудата ја правиме и според вкусот на гостите кои доаѓаат во градов, кажува Боцевска.

Во центарот на култура летово ќе бидат организирани и голем број изложби на наши но и на странски уметници. Летниот период ќе се искористи и за вршење градежни зафати на зградата на центарот за култура. Просторот над галеријата кој есента беше уреден за потребите на театарот ќе се дозаврши, а ќе се направат и некои помали интервенции во кино салата, вели Боцевска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top