На вратите на Охрид полека пристигнува летната туристичка сезона. Во исчекување на првиот поголем наплив на туристи, постојано се прашуваме дали ланската лоша сезона останала зад нас или пак не чекаат црни сценарија. Не еднаш се говорело за важноста на туризмот за градов, но и општо за државата, но изгледа се помалку луѓе слушаат или сакаат да слушнат. Она што првенствено недостига, а за кое сите се согласуваат е недостигот на државна стратегија за развој на оваа високопрофитабилна гранка. Ваква стратегија еднаш беше донесена, но мораше да се ревидира поради некои сериозни недостатоци. Сега е донесена нова стратегија со неколку пилот проекти.
„Практичната идеја беше да се одредат 5 пилот места, со 5 пилот видови на туризам. Ние ќе предложиме активности и стоиме зад нив и тие пилот места ќе бидат како показни точки од каде што и другите треба да учат. Охрид на наше инсистирање овојпат влезе во тоа како пилот место каде што ќе се развива културниот туризам.“ вели Деканот на ФТУ, Професор д-р Сашо Коруноски.
Сепак Коруноски вели : „Мора да ги имате вистинските луѓе, на вистинските места. Штом ја дефинирате својата стратегија за настап на пазарот, треба да направите свој производ и тој производ да го нудите.“
„Ние акцент даваме на културниот туризам, но тоа не значи дека и другите видови туризам не можат да се развиваат. Општина Охрид развива стратегии. Се знае базата на ресурси кои ги имаме, прво треба да видиме кои ресурси ги имаме за да знаеме каков туризам да развиваме. Мора да се пронајдат оние сегменти на валоризација кои ќе бидат значајни за туризмот што сакаме да го развиваме.“-додава Коруноски
Моменталната определеност за културниот туризам сепак не е гарант за успешна сезона вели Коруноски. Тој додава дека и покрај позитивниот тренд на покачување на бројот на туристи, во градов има и една негативна тенденција, а тоа е зголемувањето на бројот на млади туристи, кои не спаѓаат во тој културен туризам. Тука се наметнува прашањето дали Охрид ќе се фокусира на конкретна група туристи или и натаму ќе се обидуваме да ги задоволиме сите вкусови?
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град