„Култура 365“ ги носи охриѓани поблиску до книгата

Од денес ја започнаа акцијата „Недела на книгата“ во која, на своите посетители ќе им подаруваат по едно книжевно издание.

 |  Мишел Наумоски  | 
premin vo maglata
премин во маглата

Културно информативниот центар „Култура 365“ со подарок книга ќе ги мотивира охриѓани да читаат повеќе. Од денес започна акцијата насловена како „Недела на книгата“ во која на секој нивни посетител ќе му подаруваат по една книга. Оваа недела, на подарок ќе го добиваат романот на охридскиот писател Мише Јузмески, „Премин во маглата“, роман кој веќе го доживеа своето второ издание во земјава, а е преведувано и на други јазици.

Razmoska KICКнига подарок читателите можат да  добијат и доколку контактираат со културно информативниот центар на нивната и-мејл адреса itvo@t-home.mk. „Култура 365“ добила посетители уште на првиот ден од оваа акција.

„Можам да се пофалам дека еве иако е уште прв ден од оваа акција, имавме посетители кои дојдоа тука, кои побараа книга. Авторот беше тука, добија и посвета на таа книга. Исто така ни испратија и на нашата мејл адреса неколку читатели кои што сакаа да ја добијат книгата по пошта, ни испратија свои податоци па така им ја испративме книгата.“-вели м-р Лидија Размоска од културно информативниот центар „Култура 365“.

Размоска смета дека што се однесува до читањето на книги, на охриѓани им треба некој вид на поттик за да посегнат по нешто да прочитаат, вели дека токму тоа е целта поради која постои „Култура 365“, да ги донесе луѓето во непосреден допир со културата.

Kultura 365„Култура 365 е активна преку целата година. Затоа е и името „Култура 365“, колку што има денови во годината, 365, толку денови треба да бидеме и вклучени во културниот живот на градов. Ние сме дел од културниот живот на градот и сепак нудиме настани секоја недела од областа на културата. Така имавме минатата недела претставување на ликот и делото на Ванчо Николески, пред тоа имавме изложба, па пред тоа уште една изложба, значи преку целиот период на годината, сме ангажирани и нудиме културни настани. Сепак за да го подигнеме нивото на културен живот во градов.“-рече Размоска.

Инаку акцијата „Недела на книгата“ е предвидено да трае од денес па се до 1 Декември во периодот од 9 до 15 часот кога е отворен културно информативниот центар. Имајте и вие тема плус за разговор, побарајте книга во „Култура 365“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top