Во втората акција „Недела на книгата“ тие на своите посетители им го подаруваат делото на Стефан Влахов-Мицов, „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“.
„Култура 365“ повторно им подарува на охриѓани. Оваа недела тие по втор пат ја организираа акцијата „Недела на книгата“ во која сите нивни посетители добиваат книга. Оваа недела „Култура 365“ на охриѓани им ја претставува книгата „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ на Стефан Влахов-Мицов. Интересот кај охриѓани за акцијата се поголем.
„Има задоволителен број на посетители кои си зедоа книга. Дури не изненади фактот што еве само преку медиумите, преку интернет порталите беа известени нашите сограѓани за оваа акција и не изненади фактот што и многу повозрасни сограѓани наши си дојдоа да си подигнат книга.“-вели м-р Лидија Размоска од „Култура 365“.
А книгата која ја подаруваат во овонеделната акција, „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ го побудила интересот кај пошироката читачка јавност.
„Во ова дело, Стефан Влахов-Мицов, говори со јазикот на независен интелектуалец и научник за мноштво теми сврзани со македонскиот идентитет. Оваа книга содржи јасно конципирани текстови, значајни по своите пораки. Исто така посебен акцент се става на историографијата и на политиката кон Македонија. Авторот се застапува за современ и независен филозофски пристап кон историските проблеми на Балканот.“-рече м-р Размоска.
Целта на оваа акција е секако да се поттикне желбата за читање кај охриѓани, а веќе по првата ваква акција Размоска вели дека работите почнале да се поместуваат во позитивна насока, односно се повеќе наши сограѓани се интересираат за самата акција и секако за читањето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град