Боро Павлоски, шефот на изборниот штаб на охридските либерали, одржа прес, со цел да ја најави трибината на ЛДП. Павлоски кој се јави на средината на кампањата, задоволен е од работата на помладокот во неговата партија, рече дека тука е за сите потребни инструкции доколку се потребни. Но тој од своето искуство како долгогодишен и истакнат член во високото партиско водство укажа на моменталната состојба и случувања со кампањата која во моментов се води од страна на најголемите политички блока. Инаку оваа трибина, според Павлоски, е модерен начин на презентирање на изборната платформа на партијата и секој граѓанин ќе може лично да зборува со Манасиески, Жерновски и тројцата кандидати за пратеници на ЛДП.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град