Кој ги труе кучињата во с.Орман?

Во село Орман отруени 26 домашни миленици – кучиња и неколку овци.

 |  Маленкова Татјана  | 
kucinja
кучиња

Жителите на Орман видно запрепастени од оваа необична појава и крајно револтирани од она што им се случува јавно проговорија за својата мака. Овчарот  Муарем Ајка неможе да се изначуди на кого му засмета неговот куче, а уште повеќе што наместо некој тоа да му кажи се одлучил да го отруе фрлајќи му отров во време кога кучето било врзано во неговиот двор.

„Кучето ми го отруја врзано. Дивина има, а неможиме кучињата да ги пуштиме поради отровите. Сега имам кучиња три и може да видите дека ни лаат и напаѓаат. Имаме мака што фрлаат отрови. Ни е страв и луѓе да поминуваат поради овие отрови. Овци ни се отруени, кучето ми го отруја и тоа врзано и ова не е еднаш туку многу пати се случило. И низ поле фрлаа отрови, кај ќе најдат таму фрлаат“, вели овчарот Муарем Ајка.

Жителите на Орман се сеќаваат дека првото труење на кучиња во селото било во февруари годинава, кога некој фрлил отров на  во тогашна  ливата, а сега нива. При ова труење први жртви биле две кучиња.

„Отровите ги најдовме на средината на нивата од соспственикот на дворот на куќата десетина метра. Моето куче беше отруено 30 тина метра натака. Што е уште пострашно само на неколку метра од патот ги најдовме отровите  на хартија, а замислите од селово двајца наши сограѓани секојдневно ги шетаат децата. Ја прошетавме цела нива неколку пати случајно да не најдиме некои други отрови.
Само после неколку месеци 50 тина метри подолу повторно јадовме отрови на хартија и уште едно куче бешеkucinja отруено, за жал две прекрасни кучиња златни ретривер“, вели Ванчо Стојаноски.

Стојаноски додава дека откако ги пронашле отриените кучиња, веднаш случајот го пријавиле во СВР, при што како што кажа веднаш дошле екипи кои направиле записник.  Стојаноски се сомнева дека животните ги труе како што вели јавно претпријатие кое работи под капата на локалната самоуправа, по барање на несовесни граѓани. Тој открива дека последниот случај кој ја прелеа чашата  се случил на 19 октомври годинава. Раскажува дека лице привремено ангажирано во стовариште во село Орман сакајќи да  се ослободи од три кучиња, помош побарал од ЈП, а веќе следниот ден кучињата биле отруени.

Се обративме и кај директорот на Охрдиски комуналец, Сашо Алче , затоа што тое е единствено ЈП под капата на локалната самопуправа во чии рамки работи шинтерска служба. Алче категоричен „Немаме интервенирано во Орман. Интервенираме само во централното градско подрачје и санкционираме само агресивни кучиња. Кучињата се фаќаат носат во кафезите во дирекцијата на ЈП, а потоа  се пуштаат околу депонијата Буково“.

„На тие што ја дале таа изјава ќе им порачам да си проверат по комшиите меѓу нив. ЈП нема превземено никакви активности во насока на труење на кучиња. Се случува да имаме акции, но само во централното градско подрачје  и тоа оние кои се агресивни. Инаку  додека не се изгради стационар  и објект за азил на кучиња не ги третирани никако поинаку осван како сега“, вели Сашо Алче,директор на ЈП Охридси Комуналец.

Контактиравме и со СВР Охрид. Портапролот потврдува дека во секторот има пријавен само еден ваков случај.  Димоски додава дека доколку жителите навистина се соочуваат со ваков проблем тогаш да се охрабрат и да пријават по што службите ќе направат се за да ги откријат сторителите на ова крајно нехумано дело.

Во секој случај крајно загрижувачки е фактот што во селото Орман каде има само 28 домаќинства,  отруени се 26 кучиња и сите се пронајдени или на имотот или непосредно до нивниот имот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top