• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња

Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња

Граѓаните се повеќе стравуваат да не бидат нападнати од куче. Не се проблем само кучињата скитници туку и домашните кучиња чувани во несоодветни услови. Само во изминатиов месец во државава имаше десеттина напади врз граѓани од куче. Стручните лица сметаат дека проблемот мора институционално да се речи.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња чувани во несоодветни услови. Ефто Стојаноски, долгогодишен дресер на кучиња вели дека многу сопственици ги чуваат кучињата во двор кој не е ограден, без да бидат врзани со синџир, а се почеста е глетката на кучиња кои се шетаат без заштитна маска.

Јас предлагам такво куче врзано со синџир во двор без ограда веќе да нема. Мора соспствениците да си обезбедат безбедна ограда, а ако станува збор за поагресивно куче тоа не смее да биде воопшто во двор туку мора да се чува во бокс затворен од горната страна, смета Стојаноски, дресер на кучиња.

Стојаноски вели дека секојдневно до него стигнуваат поплаки од граѓани кои бараат совет како да се заштитат од некое агресивно куче кое им е во самиот комшилук. Тој раскажува дека многу од нив се плашат да си одат дома или пак да им дојдат гости бидејќи кучето реагира непријателски. Граѓаните се жалат и на постојано лаење на домашните кучиња кои го реметат нивниот мир. Незнаејќи што да прават пријавуваат во полиција.

Многу е значајно во секоја општина овластено лице како на пример инспектор кој ќе биде стручен да оди на терен и да знае како да постапи и да реагира на пријава на граѓани. Мора да има шинтерска служба која ќе врши заловување на опасните кучиња. Многу често ваквите случаи се пријавуваат во полиција ама полицајците не можат да направат ништо, вели Стојаноски.

Стојаноски сугерира што поскоро да се донесе законска одредба со која ќе се решат ваквите проблеми и точно да се знае кој е надлежен за решавање на истите кои за некого можеби се банални, но на некои граѓани им го нарушуваат квалитетното живеење. Овој долгогодишен дресер кажува дека треба да се земат во предвид правата на животните и нивната благосостојба, но мора да се мисли и на правата на граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top