Продолжуваат активностите за реализацијата на проектот „Охридското езеро, подводно – депо на оружје“.
Проектот е во организација на Националната установа Завод и Музеј, а е финансиран од Министерството за култура. Вадењето на оружјето се реализира со нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.
Од Охридското езеро извадени примероци на оружје стари неколку векови. Продолжува реализацијата на проектот „Охридското езеро, подводно – депо на Воружје“. Проектот започна во 2007 година кога, Боби Горичан, член на нуркачкиот клуб „Охрид“ пронајде фрагменти и цели делови на старо оружје на 30-300 метри оддалеченост од брегот, на длабочина од 3-8 метри. Ова е втора кампања на овој проект, а пронајдени 62 парчиња оружје, пушки, кубури и една сабја и сите во прилично добра состојба. Извадените примероци датираат од периодот од 18-20-ти век.
Раководителот на проектот, кустосот историчар, Никола Целакоски, информира дека се пронајдени пушки од видот на „Каранфилки, „Рашак“ и една пушка од типот „Henry Martin“. Сите пушки и кубури, освен „Мартинката“ се кремењачи. Се шпекулира со причините за тоа, како ова оружје се нашло на овој простор, па според истражувањата кои се направени од страна на НУ, Завод и Музеј постојат неколкупретпоставки. Од промената на системот на вооружување на отоманската власт, до предавање на оружјето на месното население после Илинденското востание или своеволно ослободување од истото.Но, Целакоски како најверојатна причина за наоѓање на оружјето на оваа локација ја наведува причината, разоружувањето на населението во месец септември 1910 година.
Целакоски потенцира дека според аналите, во овој период се предадени околу 400 парчиња оружје, а преземени се и низа активности од страна на Отоманската империја за пронаоѓање на оружје кај месното население. Но, бидејќи било предадено само старо оружје, се претпоставува дека турците се ослободиле од него фрлајќи го во езерото. Проектот се реализира со финансиска подршка од Министерството за култура во висина од 100.000 денари, а целта е негово преземање, конзервирање и збогатување на музејската збирка на НУ Завод и Музеј од Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град