„Кубалканика“ во Охрид

Летната шема започна. Кубанците воодушевени од Охрид, синоќа заедно играа со охриѓани во ритамот на латино американскиот танц.

 |  Билјана Николовска  | 
Kubalkanika
Кубалканика

Летната шема започна. Кубанците воодушевени од Охрид, синоќа заедно играа со охриѓани во ритамот на латино американскиот танц.

KubalkanikaНоќниот живот е составен дел на менито забава, за време на одмор. Летната шема во Охрид веќе настапи, а убавите моменти се паметат. Синоќа иако неделен ден, на атрактивната плажа Куба Либре, се собраа на едно место повеќе генерации да уживаат во инструментите од традиционалната кубанска музика. Еден од менаџерите на плажата Куба Либре Никола Дуданов, рече дека синоќешната забава, е репер кој ветува добра сезона.

Причина што групата Кубалканика се најде во Македонија е Реалити Шоу, ги слушнав и стапив во контакт вели одговорниот менаџер Дејан Бошковски. Тој додаде дека одлично се прифатени и летово барем еднаш ќе бидат присутни на Охридската ревиера.

Кубалканика како кубански бенд, постои 7 месеци, воглавно составен од кубански музичари. Нивните импресии за Македонија се големи, посебно од Охрид, каде плажата и езерото се совпаднале во посакуваниот амбиент. Кубанските музичари велат дека Македонците добро реагираат на кубанската музика и знаат да се забавуваат.

Ова е само почеток на летната шема. Летото се памети по добрите забави, а Охрид е град кој нуди различни можности . Со добра организација а секако и богата понуда охриѓани и посетителите летово ќе уживаат.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top